„Луфтханза“ поради недостиг на персонал откажа 2.000 летови

Германската авиокомпанија Луфтханза
Авиони на германската авиокомпанија Луфтханза / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

„Луфтханза” откажува дополнителни 2.000 летови од Франкфурт и Минхен ова лето, објави денеска водечкиот германски авиопревозник, наведувајќи ги како причина недостигот на персонал на аеродромот, како и тековната пандемија на ковид-19.

„Луфтханза спроведе голем број мерки и вработува дополнителен персонал секаде каде што е можно за да обезбеди најголема можна стабилност на распоредот на летови и на тој начин да им понуди на своите патници најдобра можна безбедност при планирањето”, соопшти компанијата.

Тие додаваат дека „штрајковите за безбедност на летовите, лошите временски услови и, особено, зголемената стапка на инфекција со коронавирусот дополнително го оптоварија системот”.

„Луфтханза” објави дека дополнителните откажувања влијаеле на летовите особено во прометните попладневни и вечерни часови.

Илјадници туристи останаа без своите куфери на германските аеродроми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот