Луд пресврт на Лидс, губеше со 0:2 но победи со гол во судиското продолжение

Лидс со гол во 91 минута дојде до победа на гостувањето кај Вулверхемптон/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Лидс славеа како гости со 2:3 против Вулверхемптон иако до 60. минута губеа со 2:0 во рамки на 30. коло во Премиер лигата.

Херој на Лидс е Лук Ејлинг кој победничкиот гол го постигна во првата минута од судиското продолжение. Со новите три бода, Лидс „избега“ седум бода (29 бода) од опасната зона на испаѓање, додека Вулверхемптон остана осми со 46 бода.

Вукверхентон по првото полувреме имаше водство од 2:0 со головите на Џони во 26. и на Тринкао во судиското продолжение. Но, исклучувањето на Раул Хименес во 53. минута беше најава за големиот пресврт.

Предноста од играч повеќе, фудбалерите на Лидс ја искористија да дадат два гола за само три минути преку Џек Харисон во 63. и на Родри во 66. минута. По израмнувањето, играчите на Лидс продолжија со офанзивната игра, буквално се играше викторија пред голот на Са и тоа на крајот им се исплатеше.

На стартот од судиското продолжение, одбиерната топка дојде до Ејлинг кој од десетина метри ја смести во мрежата и на Лидс му донесе важни поени во борбата за опстанок во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот