ЛШ: Мбапе ќе го пропушти првиот меч од осминафиналето против Баерн?!

фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

Можно е Килијан Мбапе да не настапи за ПСЖ во првите 90 минути од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен поради повреда на бутниот мускул, пренесува „Л`Екип“.

Францускиот репрезентативец се повреди во средата на натпреварот од 21 коло во шампионатот против Монпелје.

Ја напушти играта во 21 минута, а по лекарските прегледи беше утврдено дека еден од најдобрите фудбалери на париските „светци“ ќе биде надвор од терените најмалку три недели.

Се очекува да ги пропушти натпреварите против Тулуз и Монако во „Лига 1“, како и мечот со Олимпик од Марсеј во Купот на Франција.

Првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ помеѓу ПСЖ и Баерн ќе се одигра на 14 февруари во Париз и неизвесно е дали на истиот ќе настапи Мбапе. Реваншот од овој двомеч ќе се игра на 8 март во Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот