ВИДЕО | Лига 1: Заврши серијата на Ленс, ПСЖ победи, но Мбапе се повреди

Фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

Вечерва се играа натпревари и во француската Лига 1 каде што заврши добрата серија на Ница на домашен терен со поразот од 0:1 кој беше прв за овој тим пред домашната публика.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 57. минута кога мрежата на Ленсја погоди Лаборде.  Ленс со овој пораз го загуби чекорот со ПСЖ кој славеше победа.

ПСЖ во драматичен натпревар го победи Монпелје со 3:1. Отпорот на ривалот ПСЖ го скрши во второто полувреме кога Фабијан Руиз го отвори резултатот. Подоцна во листата на стрелци се запишаа Меси и Ворен Заир Емери.

Но, покрај головите тука беа и промашените два пенали на Мбапе, па потоа и еден зицер за во 21. минута францускиот напаѓач да биде заменет поради повреда. Видовме поништени голови и на Меси и Хакими.

Во останатите натпревари Монако славеше 3:2 против Оксер, Рен дома беше подобар од Стразбург со 3:0, додека Лион дома одигра без голови со Брест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот