Ловоров лист лечи сè: Помага при респираторни проблеми, варење на храна, проблеми со косата

pixabay

Ловорот е општо познат како зачин типичен за медитеранската клима. Ловоровите лисја, биле користени во народната медицина уште од старо римско време. Важел за одличен природен лек, особено во текот на зимата кога луѓето почесто имаат проблеми со кашлица…

Чајот од сушен ловоров лист е еден од наједноставните и најефикасните природни препарати за олеснување на респираторните проблеми. А освен чај, може да приготвите и лековит сируп од ловоров лист и шеќер.

pixabay

Друга опција е да се користи есенцијално масло од ловор. Измешајте неколку капки од ова есенцијално масло со кое било растително масло и потоа истријте го на градите. Ова ќе ви помогне за брзо опуштање на дишните патишта.

Сличен ефект може да се постигне со подготовка на посилен ловоров чај, кој може дополнително да го користите за ставање облоги. Натопете чиста крпа во чајот, исцедете ја и ставете ја на градите. А можете во топла вода да додадете есенцијално масло од ловор и да го користите за инхалација.

Поради своите антибактериски ефекти, препаратите од ловор можат да помогнат дури и во контролата на разни штетни бактерии во организмот.

pixabay

Природен диуретик

Чајот од ловоров лист може да ви помогне и доколку имате било какви дигестивни проблеми. Ловорот многу успешно ќе го смири вашиот вознемирен стомак, а се користи и за ублажување на симптомите поврзани со целијачна болест.

Меѓу другото, ловорот може да помогне и за детоксикација на организмот, и се смета за одличен природен диуретик. Дури и ако не сакате да користите специјални лековити препарати врз база на ловор, дефинитивно се препорачува да вклучите ловор во што е можно повеќе јадења, не само за подобрување на вкусот, туку и поради низата лековити ефекти кои може да ги добиете од него.

Ловорот исто така може да помогне при забрзување на процесот на варење на храната, што инаку би можел да биде потежок процес за вашиот дигестивен систем.

pixabay

Користете го како препарат за коса

Ловоровиот лист може многу добро да им се најде на сите оние кои имаат проблеми со косата. Се вели дека чајот од овие лисја е особено ефикасен во отстранување на првутот, а супстанциите што ги содржи ловорот може да ги направат фоликулите на косата многу поздрави, што значи поубава и поздрава коса со побрз раст.

Ако сакате да користите ловор за нега на коса, прво направете силен чај. Кога ќе ја измиете косата со шампон како и обично, истурете го ловоровиот чај врз влажната коса. Нежно масирајте го скалпот неколку минути, за корисните состојки полесно да стигнат до фоликулите на косата.

unsplash

Помага во ублажување на стресот

Покрај мајчината душица, босилекот и лавандата и ловорот содржи линалол. Тоа е супстанца која е многу ценета во ароматерапијата бидејќи помага во ослободување на стрес или напнатост.

Бидејќи долгорочниот стрес може да биде штетен за вашето здравје, дефинитивно може да си помогнете со ефективни природни препарати без несакани ефекти. Еден од најдобриот избор во вакви случаи може да биде ловор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот