Ломбардија ја покренува економијата од 4. мај

Фото: ЕРА

Ломбардија мора да се прилагоди на „новата нормалност“ која се темели на социјалното дистанцирање, мерки за заштита кои вклучуваат носење маски и ракавици, дигитализација (работа од дома каде што е можно) и дијагностика т.т. зголемен број на тестирања, појасни Фонтана.

Ломбардија, најпогодениот италијански регион од пандемијата на коронавирусот со повеќе од 11.300 починати од 21.600 смртни случаи во целата земја, сака повторно да ги покрене економските активности на 4. мај, на денот на укинувањето на мерките на изолација, пренесува АФП.

Претседателот на Ломбардија: Мора да бидеме брзи

„Инициравме програма за повторно покренување на економијата на 4. мај“, порача преку Фејсбук Атило Фонтана, прв човек на овој најбогат италијански регион на северот од земјата и член на десничарската партија Лига на Метео Салвини.

Италијанците се наоѓаат под мерки за изолација од 9. мај кој е на сила до 3. мај. Сите активности кои не се нужни во секојдневниот живот се прекинати до споменатиот датум, со некои благи попуштања во последните неколку дена, како отворањето на книжарници и дуќани со облека за деца.

Ломбардија мора да се прилагоди на „новата нормалност“ која се темели на социјалното дистанцирање, мерки за заштита кои вклучуваат носење маски и ракавици, дигитализација (работа од дома каде што е можно) и дијагностика т.т. зголемен број на тестирања, појасни Фонтана.

„Мора да бидеме брзи, во секој случај мораме се повторно да покренеме“, истакна Фонтана, додавајќи дека притоа главен императив треба да виде „зачувување на здравјето на нашите сограѓани“.

Движењето 5 Ѕвезди реагира: Ова е погрешна одлука

Но најавата на Ломбардија за покренување на економијата наиде на критики од Движењето 5 Ѕвезди кое таа одлука ја смета за „погрешна“.

Нивниот заменик министер за економски развој Стефано Буфагани тврди дека праксата според која секој од 21. регион, кои уживаат одредена автономија во донесувањето одлуки, сами да носат мерки за своите подрачја, „ќе предизвика збунетост кај граѓаните и компаниите“.

Фонтана, меѓутоа се надева на постапно покренување на стопанството од 4. мај.

„Ќе вложиме натприродни напори за да го победиме вирусот, но неговиот конечен крај се уште е многу далеку, се додека не го добиеме лекот за Ковид -19. Додека не се случи тоа, мора да го организираме нашиот живот во соживот со вирусот“, заклучи Фонтана.

ММФ предвидува раст на италијанското стопанство во 2020 година за 9,1 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот