Љубовта на Емануел и Брижит Макрон: И покрај критиките, го дочекаа вториот мандат во среќен брак

емануел макрон
Емануел и Брижит Макрон / Фото: EPA-EFE

Кога Емануел Макрон првпат се кандидираше за претседател пред пет години, голем дел од јавноста беше најзаинтересиран за разликата во годините меѓу него и неговата сопруга Брижит. Имено, оваа поранешна учителка е 24 години постара од својот сопруг. Емануел е најмладиот француски претседател во историјата, а Брижит е најстарата прва дама.

По години молчење за неговиот син и Брижит: Таткото на Макрон зборуваше за неговиот однос со снаата

емануел макрон
Емануел Макрон и неговата сакана Брижит / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Емануел Макрон и Брижит се во брак од 2007 година, а Брижит од претходниот брак има три деца и седум внуци. Двојката се запознала кога Макрон имал само 15 години, а наводно се зближиле за време на подготовката на една училишна претстава. Брижит била професорка по француски јазик во католичкото средно училиште Ла Провиденс во Амиен, а младиот Макрон веднаш се вљубил во неа. И двајцата се по потекло од Амиен, а таа потекнува од семејство на познати производители на чоколади и слатки.

Нивната врска стана официјална кога тој наполнил 18 години, а таа потоа решила да го напушти сопругот. Во книгата што ја објави минатата година, самиот Макрон ја опиша својата врска со Брижит како тајна и често погрешно протолкувана.

Брижит во тоа време била мажена и мајка на три деца. Новинари од „Le Parisien“ разговарале со поранешни соученици на Макрон, кои откриле дека тој бил нејзин миленик од сите ученици.

„Секогаш го земаше за пример. Беше воодушевена од неговиот талент за пишување. Тој постојано пишуваше песни, а таа ги читаше пред класот“, открил соученик на Макрон.

брижит макрон
Првата дама на Франција / Фото: Profimedia

И колегите од училиштето за медиумите изјавиле дека тој секогаш претпочитал да разговара со наставниците наместо со нив. Во тоа време, неговиот сон бил да стане актер, а Брижит го охрабрила да се испроба на сцената. Покрај глумата и пишувањето, Макрон свирел и клавир и освојувал многу награди.

Последната година од средно училиште се преселил во Париз за да немаат проблеми поради нивната врска, а таа заминала со него во француската престолнина. Медиумите пишуваат дека на нејзините деца им било потребно време да го прифатат нејзиното момче кое било речиси нивен врсник.

Нејзиниот развод бил голем скандал во малиот град Амиен, особено ако се земе предвид дека богатата наследничка го напуштила сопругот поради студент по филозофија кој не заработувал сам за живот. Иако неговите родители биле многу почитувани, нивната финансиска состојба не може да се спореди со онаа на нејзиното семејство.

емануел макрон
Емануел и Брижит / Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Неговите шокирани родители

Во Париз нашла работа како професорка по француски јазик во познато приватно училиште. Тие се венчале во познатото летувалиште „Le Touquet“, каде што таа поседува вила. Парот нема заеднички деца, но тој во неколку наврати изјави дека има шест „внуци“.

Авторката на биографијата на Емануел Макрон, Ен Фулда, разговарала со неговите родители за целата оваа ситуација. Тие тогаш верувале дека Емануел се забавува со ќерката на Брижит, Лоренс, додека еден семеен пријател не им ја открил вистинската вистина. Кога дознале што се случува, го испишале од училиште.

„Не можевме да поверуваме. Јасно е дека не можевме да се согласиме со тоа“, изјавила неговата мајка Франсоаз Ног-Макрон.

емануел макрон
Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит / Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN /

Кога сфатила дека ова не е фаза, Франсоаза ѝ се обратила на Брижит. „Ти си го проживеа својот живот, а тој нема да може да има деца со тебе“, ја предупредила очајната мајка.

Неговиот татко Жан-Мишел Макрон „за малку ќе паднел од стол“ кога дознал која е избраничката на неговиот син. Шокираните родители ја молеле Брижит да не се гледа со него додека не стане полнолетен, но таа одговорила дека „не може ништо да вети“.

Иако родителите го префрлиле во друго училиште во Париз, првата дама на Франција за медиумите изјавила дека тој ја запросил кога имал само седумнаесет години и во таа прилика ѝ ветил дека ќе се врати по неа.

„Не можеш да се ослободиш од мене. Ќе се вратам да се омажам за тебе“, во една прилика откри Брижит тврдејќи дека ова ѝ го рекол Емануел пред да замине во Париз.

брижит макрон
Брижит Макрон / Фото: Profimedia

„Се грижев за моите деца“

По изборот откри што мисли за оваа разлика во години која постојано се истакнува.

„Неговата единствена грешка е што е помлад од мене. Кога читам за нашата врска во медиумите, се чувствувам како да читам туѓа приказна. Нашата е многу едноставна и да не решев да бидам со него, ќе пропуштев цел еден живот“, во една прилика изјави таа.

Брижит призна дека сфатила дека нивниот однос се менува за време на приватните часови бидејќи работеле на адаптација на драма. Таа се обидела да ги игнорира силните чувства кон ученикот и го советувала да заврши училиште во Париз.

„Немаше ништо меѓу нас, но почнаа озборувањата. Јас се грижев за моите деца“, рекла таа.

емануел макрон
Емануел и Брижит / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Половина година по изборите, Макрон сподели со јавноста дека тој и неговата сопруга се трудат да имаат балансиран семеен живот и да остават слободно време за себе, па затоа еднаш неделно одат на романтична вечера. Тој изјави за „Paris Match“ дека со Брижит резервирале една ноќ во неделата само за себе, а дека сабота е резервирана за семејството доколку нема важни државни обврски.

„Не остануваме дома. Ги знаеме сите протоколарни и други обврски, но сакаме да го зачуваме својот дел од слободата“, рече тој.

Се чини дека тоа функционира затоа што тие го дочекаа и вториот мандат во среќен брак.

Откако е прва дама, Брижит ги налути Французите со нејзиното непочитување на протоколите, односно затоа што „секогаш притиска“ да стои покрај претседателот, а не зад него, како што налагаат правилата. Покрај тоа, јавноста честопати негодува и за нејзиниот стил на облекување, за кој критичарите велат дека е премногу младешки и несоодветен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот