Линхарт: Се надеваме дека во декември ќе започнат преговорите

Михаил Линхарт и Бујар Османи
Бујар Османи на заедничка прес конференција со Австрискиот дипломат Михаел Линхарт/ Фото С.П / Драган Митрески

Австрискиот министер за надворешни работи, Михаел Линхарт на денешната прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека тие се надеваат на започнување на преговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ уште во декември и дека тоа е нивно барање.

„Сакаме да им дадеме европска перспектива на земјите од Западен Балкан. За таа цел треба да им дадеме преговори уште сега, во декември, на Македонија и на Албанија. Граѓаните на овие земји треба да ги поврземе со ЕУ со повеќе мерки,“

Османи пак, изјави дека Австрија е еден од најсилните поддржувачи на европската перспектива на Република Северна Македонија и додаде дека декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ.

„Ние сме многу проактивни за преговорите со ЕУ. Треба да се зачува политичката стабилност. Ова е период што ќе ја детерминира европската иднина на земјата. Се надеваме на одлука за старт на преговорите во декември, но тоа зависи и од тоа дали дотогаш ќе има нова влада во Бугарија. Гледаме дека 26 земји од ЕУ се за тоа дека тоа треба да биде во декември. Дали ќе биде месец пред или потоа зависи и од тоа кога Бугарија ќе има нова Влада. Важно е дека ние не дозволивме да бидеме дел од проблемот, туку сме дел од решението“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот