Лига на Европа: Мендез го замолкна „Олд трафорд“

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ја прекинаа серијата од четири победи по ред остварени во Премиер лигата и во првото коло во Лигата на Европа загубија со 0:1 од Реал Сосиедад. Човек на одлука беше Мендез кој во 59 минута го реализира ударот од белата точка.

Лацио го 4:2 славеше над Феенорд и веднаш покажа зошто е еден од главните фаворити за трофејот. Алберто ги „отвори“ Холанѓаните уште во четвртата минута, а само десет минути подоцна Фелипе Андерсон зголеми на 2:0. Во 28 минута Лацио поведе со 3:0 и ги реши дилемите околу победникот.

Во вториот дел Весино зголеми на 4:0 по што „“лацијалите“ се опуштија и Феенорд го искористи тоа да даде два гола.

Црвена звезда е поразена со минимални 0:1 од Монако, а единствениот гол беше дело на Емболо во 74 минута.

Резултати:
Група А
Цирих – Арсенал 1:2
ПСВ Ајндховен – Бодо/Глимт 1:1

Група Б
АЕК Ларнака – Рен 1:2
Фенербахче – Динамо Киев 2:1

Група Ц
Хелсинки – Бетис 0:2
Лудогорец – Рома 2:1

Група Д
Малме – Брага 0:2
Унион Берлин – Сент Жил 0:1

Група Е
Манчестер јун. – Реал Сосиедад 0:1
Омонија – Шериф 0:3

Група Ф
Лацио – Феенорд 4:2
Штурм – Митјиланд 1:0

Група Г
Фрајбург – Карабак 2:1
Нант – Олимпијакос 2:1

Група Х
Црвена звезда – Монако 0:1
Ференцварош – Трабзонспор 3:2

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот