Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Лидерска средба во понеделник, се очекува прецизирање на датумот за изборите
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва од заедничката прес-конференција со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел најави дека за в понеделник (4 декември) е закажана лидерска средба на која се очекува да се прецизира датумот на одржување на претседателските и парламентарните избори в година.
Препорачано
Покана за лидерската, како што рече Ковачевски, уште утре ќе биде испратена до претседателите на сите парламентарни политички партии и до собранискиот спикер Талат Џафери.
„Средбата ќе биде закажана за понеделник и на истата ќе се разговараме за евроинтеграцијата на Северна Македонија, за одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР“, информира Ковачевски на вечерашната прес-конференција.
Вчера, премиерот изјави дека двата изборни циклуса кои ќе се одржат следната година ќе бидат во своите редовни термини и дека мај се нуди како можност за нивно одржување, но дека одлуката треба да биде донесена со широк консензус помеѓу партиите.
Неодамна, министерот за правда Кренар Лога изјави дека неофицијално, 8 мај е датумот на кој ќе се одржат претстојните парламентарни и претседателски избори.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
14мин
-
31мин
-
50мин
-
55мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5