Лидерите на централните банки на САД и Кина на средба во Вашингтон

Лидерите на централните банки на САД и Кина се состанаа во вторникот во Вашингтон, објави Народната банка на Кина.

Гувернерот на PBoC, Ји Ганг и претседателот на американската централна банка, Џером Пауел „размениле мислења“ за Кина и САД, како и економските и финансиските движења, се вели во соопштението, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Состанокот на лидерите на ФЕД и PBoC доаѓа откако политичките тензии меѓу двете најголеми светски економии ескалираа и ги ограничија интеракциите на високо ниво. Американската министерка за финансии Џенет Јелен оваа недела изјави дека сè уште се надева дека ќе ја посети Кина, без да прецизира кога.

Ји присуствуваше на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во ДК, се вели во соопштението на PBoC. Од средбата нема никакви фотографии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот