Лицата од Авганистан ќе добијат привремен престој, досега никој не побарал политички азил

Авганистанци на аеродромот во Кабул / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Немаме случаи на барања политички азил, но секако согласно меѓународните закони што се прифатени кај нас, ќе ги разгледаме ваквите активности. Сите лица за кои се подготвуваме да ги пречекаме и за кои сме дале потврда дека сме подготвени да ги примиме, ќе добијат статус на времен престој од 90 дена преку издавање на виза за време на престој од три месеци, иако за некои од нив имаме најавено дека веднаш заминуваат, некои за 10-15 дена или слично. Таков е правниот статус односно во самиот нивен документ се става виза со траење од 90 дена. Значи, тоа се лица со времен престој во Република Северна Македонија.

Ова е одговорот од премиерот Зоран Заев на новинарско прашање каков статус ќе имаат лицата кои во земајава ќе пристигнат од Авганистан, дали ќе бидат бегалци, азиланти…

– Зошто ние по глава на жител ќе примиме повеќе хуманитарци, миротворци, активисти за човекови права, новинари, локал стаф на ОН, на НДА, на ИРИ и на многу организации за човекови слободи, прави и демократии и слично, веројатно заради тоа што имаме поголемо срце во моментот од сите други, заради тоа што чувствуваме поголема хуманост од сите други, веројатно заради тоа што нашиот регион поминал своевидни трауми во блиско минато, поблиско од другите земји, па знаеме колку е важна помошта кога може некој да ти подаде рака, да ти помогне, посебно заради тоа што навистина ги знаеме сликите од фундаменталистички напливи што значат одземање животот, сите страотни сцени што ги имаме видено, се со конечна цел, подвлече, да подадеме рака и да помогнеме, истакна Заев.

Посочи дека Владата нема никакви предрасуди, ги донесе сите неопходни одлуки, понуди и подава рака и учествува хуманитарна мисија за Авганистан.

Псоочи дека трошоците ќе ги покријат соодветните организации, САД, невладините организации, како НЕТ, Фондација Отворено општество, ИРИ,…

– Но, тоа не значи дека ако треба нешто да покриеме и ние ќе покриеме. Досега ги носиме трошоците на превоз до хотелите, на вакцината, на ПЦР тест да се направи, на понудите за бесплатен здравствен преглед и секако доколку има потреба за други активности, изјави премиерот Заев на денешната заедничка прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот