Левков: Ковачевски и кумот свртеле 26 милиони евра

Пратенико од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Левков денеска на прес конференција рече дека аферата „Броило” го извадила на површина соларниот картел, кој е сконцентриран околу премиерот Димитар Ковачевски.

-Обелоденивме како две поврзани фирми „Пиксел Груп” основана од Ковачевски и неговиот кум Паунов, и КМГ ЕОЛ Квазар основана само од кумот, откако е СДС на власт влегле во бизниси од над 26 милиони евра. Сите факти досега укажуваат дека соларниот картел околу Ковачевски наликува на злосторничко здружение кое се формира по доаѓањето на СДС на власт – рече Левков и ги наброја фактите:

-Ковачевски и неговиот кум, кој е функционер во СДС скоро 20 години ја основаат фирмата „Пиксел Груп”, околу која понатаму се врти аферата „Броило”.

„Пиксел Груп” е фирмата која ги произведува фотоволтаичните панели, а КМГ ЕОЛ Квазар ги продава и монтира истите.

Преку фирмата на кумот на Ковачевски земени се 2 милиони евра државни тендери, и склучен е договор со ЕВН од дополнителни над 2 милиони евра. „Пиксел Груп” основана од Ковачевски произведува фотоволтаици, а фирмата на кумот се јавува на тендери и продава. И така фирмата основана од Ковачевски не се јавува како директен извршител на работите пред државните органи, а практично кај неа завршуваат парите.

„Пиксел Груп” основана од Ковачевски со СДС на власт добива и над половина милион државна помош, а исплати се вршени и додека е заменик министер за финансии и мандатар за состав на новата влада.

Злосторничкото здружение зазема димензии од десетици милиони евра кога Ковачевски станува премиер. Имено тогаш „Пиксел Груп” основана од него влегува во фаза на градење на фабрика во ТИРЗ Тетово, каде има посебни даночни и царински ослободувања, а фирмата ќе преговара и за државна помош.

Јасни се цртите на аферата „Броило”, која го следи доаѓањето на СДС на власт и растот на Ковачевски во политиката, како тој напредува во хиерархијата во СДС и владата, така договорите и зделките на „Пиксел Груп” и КМГ ЕОЛ Квазар се сѐ поголеми – вели Левков.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот