Левица: На Муцунски како да му е страв да ги извади „метларките“ на улица

Фото: Левица Аеродром

Општина Аеродром никогаш не била понечиста, па во урбаниот дел на општината, на паркинзите и пред зградите, плочници се валкани, а тротоарите неисчистени, велат од Левица Аеродром.

– Предходниот градоначалник од редовите на СДСМ, Златко Марин, потроши речиси 500 000 евра за набавка на таканаречените „метларки” од фирмата „Брако” на Анѓушев (блиска до СДСМ), а истите воопшто не се користат. Неговиот наследник од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, секоја година од општинскиот буџет издвојува по 10 000 евра за нивно сервисирање, но како да му е страв да ги извади на терен – соопштуваат од партијата.

Оттаму прашуваат дали зад оваа негрижа околу чистењето на јавните површини повторно се крие некаков договор со надворешна фирма, како што е случајот за ангажирање на фирма за уредување на зелените површини, со цел, како што тврдат, да се „испумпаат пари“ од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот