Летно или зимско сметање на времето? Короната ја одложи одлуката за поместување на стрелките на часовникот

Часовник
Часовник / Фото: МИА

Зимското сметање на времето почнува во недела на 25. октомври 2020 година. Тогаш, ноќта меѓу саботата и недеалта, стрелките на часовникот точно во 3 треба да би поместиме за 60 минути наназад – на 2 часот.

Пракса е, часовникот да се поместува секој последен викенд во октомври со што од летно се преминува кон зимско сметање на времето.

Ова би можело да биде последно поместување на стрелките од летно кон зимско сметање на времето зошто Европскиот парламент, во март 2019 година изгласа укинување на правилата „до крајот на 2021 година“.

Проблемот е во тоа што земјите од ЕУ се уште не одбрале дали ќе останат приврзани кон летното или кон зимското сметање на времето.

Земјите кои сакаат да останат кон летното сметање, стрелките последен пат треба да ги поместат во март 2021 година. Исто така, можно е да се случи консензус, односно сите земји да се согласат на ист модел, веројатно летниот.

Сепак, со оглед на Брегзит и посебно поради коронавирусот, проблемот на сметање на времето е турнат на страна па може донесувањето на решение да се одложи се до 2022 година.

(Извор: Ослобоѓење.ба)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот