Леонардо Дикаприо има нова работа

леонардо дикаприо
Леонардо Дикаприо /Фото: Profimedia

Актерот Леонардо Дикаприо пред 16 години глумеше во филмот „Крвавиот дијамант“ и тогаш лично искуси колку всушност е тежок животот на луѓето во Африка.

Имено, актерот го играше трговецот со луѓе кои се поврзани со „валканите“ работи околу продажбата и криумчарењето на дијаманти во Сиера Леоне. Оттогаш Дикаприо е познат како тврдокорен активист против ископувањето на дијаманти, бидејќи бил згрозен од шверцот на дијаманти од Африка, како и од условите на полуостровот, измачувањето на луѓето, финансирањето на вооружените судири и сл. Една деценија по улогата во филмот тој инвестираше во Ливница на дијаманти.

Тој веќе ја има компанијата во САД под називот „Diamond Foundry“, но сега компанијата сака да се прошири и на пазарот во Европа, па така тој отвара нова подружница во Шпанија, која е многу погодна за новата работа на актерот бидејќи е сончева и топла земја.

Иако „Diamond Foundry“ досега произведуваше синтетички дијаманти за накит за брендот „Ektremadurans“, сепак новото производство ќе биде за индустриска употреба. Таму ќе се изработуваат дијамантски кристални чипови и ќе се користат како полупроводници за автомобили, со што ќе се овозможи подобрување во областа на електрониката и високата технологија, особено за 5Г мрежата и електричните автомобили, поради своите уникатни својства на тврдост и топлотна спроводливост.

„Дикаприо дијамант“ би можело да биде одлична алтернатива за микрочиповите кои ни се познати, а кои денес се ретки и многу барани, а се прават од силициум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот