Лекарите предупредуваат за аспиринот: Во комбинација со оваа храна претставува ризик за сериозни проблеми!

Додека светот се справува со пандемијата на коронавирусот, превенцијата е нешто за што многу слушаме. Маските и оддалеченоста ќе нѐ заштитат од пренесување на вирусот сè додека не пристигне вакцината, но за зајакнување на организмот, имунитетот и неговите реакции се препорачува и витамин Ц, Д, цинк…

Многумина ќе помислат дека не би било лошо да се земе и поголема доза на аспирин, но тоа е многу опасна грешка, предупредуваат лекарите.

Аспиринот е корисен при намалување на болката, намалување на температурата, разредување на крвта, но премногу големата доза може да му наштети на организмот.

Посебно внимание треба да се посвети на иритирачките ефекти на слузницата на дигестивниот тракт, велат лекарите.

За аспиринот се вели дека предизвикува интолеранција, а не алергија, бидејќи механизмот на реакции на него е неимун, не е посредуван од специфичните антитела.

Оние кои имаат интолеранција, ќе добијат нарушувања во создавањето и концентрацијата на тромбоцити во крвта, што доведува до фибриноидна некроза, воспаление на крвниот сад.

Истовременото постоење на бронхијална астма, назални полипи и интолеранција се нарекува „аспирински тријас“. Избегнувајте го ако имате хронични уртикарии, но и ако јадете храна со салицилати и адитиви како што се боите и конзервансите, поради можна вкрстена нетолеранција, ист е случајот и со лековите кои можат да предизвикаат вкрстена нетолеранција, особено кај бронхијалната астма.

Кој не смее да го користи?

Никогаш децата, ниту младите на возраст под 18 години, бидејќи може да предизвика Рејов синдром, ретка, но сериозна болест, која може да заврши фатално. Кај овој синдром, по вирусната инфекција, најчесто во зимските месеци, сите органи се загрозени, особено црниот дроб и мозокот. Смртта може да настапи за неколку дена. И возрасните мора да се консултираат со лекар пред да земат аспирин, бидејќи лекарот е запознаен со нивната историја на болести и терапијата.

Како се утврдува дека некој е нетолерантен?

Со оглед на тоа што станува збор за реакција која не е посредувана со имунолошки механизам, кожните тестови немаат големо значење во дијагностиката на овој тријас. Дозно-провокациско тестирање е моментално најсоодветен начин за сигурна дијагностика. Се изведува по орален или назален пат, во текот на еден до три дена, така што се врши провокација со аспиринот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот