Лејкерс го потврдија доаѓањето на Шрудер

Денис Шрудер и официјално стана член на НБА шампионот, Лос Анџелес Лејкерс.

Германскиот кошаркар во редовите на Лејкерси доаѓа од Оклахома сити тандерс откако двата тима се договорија за размената. Шрудер им се приклучи на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, а во обратна насока заминаа Дени Грин и Џејден Мекданиелс.

Одличниот бек треба да претставува нов дел од сложувалката на Лејкерси кои почнаа да создаваат нов тим кој ќе се обиде да ја одбрани титулата. Исто така Шрудер треба да претставува замена и за одличниот Ражон Рондо кој одлучи да си замине.

Денис Шрудер минатата сезона имаше просек од 18.9 поени по натпревар за Оклахома сити иако не беше дел од првата петорка.
Пред Оклахома, тој пет сезони го носеше дресот на Атланта хоукс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот