Легендарниот Мајк Дин повеќе нема да суди во Премиер лигата

Фото: EPA-EFE/Clive Rose

Majк Дин, еден од најпознатите англиски судии повеќе нема да суди во Премиер лигата.

Организацијата на професионални судии соопшти дека Дин во следната сезона нема да биде делегиран на натпреварите од најсилната англиска конкуренција. Ваквиот потег моежби и не е толку големо изненадување ако се знае дека во последната сезона Мајк Дин судеше само во ВАР собата.

„Сакаме да му оддадеме признание на Мајк и неговиот огромен придонес во судењето и фудбалот воопшто“, објави Организацијата на професионални судии.

Во својата кариера, Мајк Дин судеше 553 натпревари во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот