Легендарниот Кафу ја продава луксузната вила поради финансиски проблеми

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Легендарниот бразилски фудбалер Кафу одлучи да ја стави на продажба својата луксузна вила во Сао Паоло.

Прославениот Бразилец се одлучи на ваков потег поради финансиските проблеми со кој се соочи, меѓу кои се и обврските кон државата. Јужноамериканските медиуми пренесуваат дека славниот фудбалер влегол во големи долгови кои изнесуваат околу 1.8 милиони евра.

Проблемите за Кафу започнале уште пред пет години кога беше утврдено дека затајувал данок. Вилата на Кафу се продава по ццена од 7.4 милиони евра и таа е на четири ката во склоп со 2.500 метри квадратни простор. Опремена е со четири луксузни апартмани, кино, игротека и сауна. Исто така дворот е полн со зеленило и со базен, меѓутоа има и мал фудбалски терен.

За Кафу постои опасност цената на вилата да се намали. Наводно, агенти за недвижност му дале одреден временски период и доколку некој не се јави до 4. април, цената на вилата ќе се преполови.

Во текот на богатата кариера Кафу беше член на Сао Паоло, Сарагоса, Палмеирас, Рома и Милан. По завршувањето на кариерата не продолжи како тренер, туку најчесто беше гостин во бројни земји како амбасадор и добиваше пари од спонзори, сепак тоа очигледно не било доволно да се опорави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот