Легендарниот Елтон Џон денес слави роденден: Неговиот партнер сподели емотивна објава

елтон џон
Елтон Џон / Фото: EPA-EFE

Сер Елтон Џон денеска го слави својот 75-ти роденден.

Прославениот музичар, чија кариера трае од објавувањето на неговото деби „Empty Sky“ во 1969 година, уште на 11-годишна возраст добил стипендија за Кралската музичка академија.

Импресивната кариера на Елтон Џон процвета кога почна да соработува со текстописецот Берни Таупин во 1967 година.

елтон џон
Елтон Џон / Фото: EPA-EFE/JULIAN SMITH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Реџиналд Кенет Двајт, како што е неговото вистинско име, е роден на 25 март 1947 година во англискиот град Пинер, а според бројот на песни кои го зазедоа првото место на американските музички топ листи, пред него е само легендарниот Елвис Присли.

Елтон Џон пред неколку месеци доби високо одликување што пред него го добиле само 65 лица. Оваа ретка кралска одлика му ја додели лично Принцот Чарлс на церемонија во замокот Виндзор.

EPA-EFE
Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

Еден од најпродаваните уметници на сите времиња, со хитови како „Goodbye Yellow Brick Road“, „Rocket Man“ and „Your Song“, беше прогласен за витез од кралицата Елизабета Втора во 1998 година.

Неуморниот музичар е среќно оженет со Дејвид Фурниш.

„Споделувам момент на создавање… Да го прославиме создавањето на Елтон Херкулес Џон. Пред 75 години на денешен ден пристигна на оваа планета. Не можам да го замислам мојот живот или светот без овој славен, прекрасен, љубезен, грижлив, убав човек. Спектакуларен сопруг и длабоко посветен татко. Среќен 75-ти роденден мил мој. Те сакам. Секогаш и засекогаш“, напиша Дејвид во описот на фотографијата која ја сподели на неговиот инстаграм-профил по повод роденденот на неговиот сакан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Furnish (@davidfurnish)

Елтон и Дејвид се горди татковци на два сина, Захари и Елија кои се родени од сурогат мајка. Кума на двете момчиња е Лејди Гага.

„Да се ​​биде татко е мојот најголем успех и тоа е најважното нешто во мојот живот“, изјави во една прилика славниот пејач.

елтон џон
Елтон Џон и неговиот партнер Дејвид / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Покрај Елтон Џон, на денешен ден е родена и кралицата на соул музиката Арета Френклин, добитничка на дури 18 Греми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот