ЛДП: Нападот врз полициски службеник е напад врз државата

Најостро го осудуваме насилството како појава во општеството бидејќи ги загрозува основните човекови права, особено е загрижувачки кога се случува меѓу полициски службеници, бидејќи нападот врз полицаец е сериозен напад врз државата, се вели во реакцијата на Либерално демократската партија.

– Во однос на инцидентот што се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој биле инволвирани полициски службеници меѓу кои и припадник на МВР кој е дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потребно е институциите веднаш да постапат и да го расветлат случајот, како во рамки на Минисерството за внатрешни работи, така и Обвинителството да го истражи целиот случај бидејќи сите сме еднакви пред законот и никој не смее да помине неказнето – велат од партијата.

Од ЛДП додаваат дека е потребно органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот