Лажни полицајци ограбиле странски државјани на автопатот Ниш-Врање

Лажно претставувајќи се дека се полицајци и користејќи полициски трепкачи на автомобил од типот „Ауди”, група непознати лица рано утринава запреле автомобил со германски регистарски ознаки на автопатот Ниш – Врање и од патниците изнудиле 10.000 евра, јави дописникот на МИА од Белград.

Според полициски извори, настанот се случил во близина на селото Превалац кога од „аудито” излегло лице во полициска униформа, вооружено со автоматско оружје и батерија, и од патниците ја украло споменатата сума пари.

Оштетени се двајца патници – едниот е државјанин на Северна Македонија, а другиот е од Албанија.

Случајот бил пријавен во полицијата во Врање, која е во потрага по „лажниот колега”, а надлежното обвинителство работи на случајот.

Пред околу десетина дена во Сурдулица двајца мажи претставувајќи се како полициски инспектори пресретнаа малолетни лица и им одзедоа пари.

Минатата недела, српската Влада усвои измени и дополнувања на Уредбата за изгледот, формата и содржината на службената значка и службената легитимација, со која се пропишува дека е „забрането поседување на значка и службена легитимација на лица кои не се припадници на Министерството за внатрешни работи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот