Лажни дојави за поставени бомби на два аеродроми во Црна Гора

Фото: Профимедиа

Вчера на два аеродроми во Црна Гора, во Подгорица и Тиват било пријавено дека се поставени бомби, информираат црногорските медиуми.

Како што пренесуваат овие извори, денеска е објавено дека дојавите за бомби и на двата аеродрома биле лажни, а денеска дојава за бомба имаше и на белградскиот аеродром.

Еден од патниците кој се наоѓал на аеродромот во Подгорица за „Дневне новине“ рекол дека полицијата ги прегледала сите торби на патниците.

По лажните дојави за бомби, на аеродромите била засилена контролата и сите патници биле детално проверувани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот