Лажен аларм го испразни Сенатот во САД, немало „вооружен напаѓач“

Сенат САД
Сенат на САД / Фото: Архива на Слободен печат

Американската полицијата не идентификуваше напаѓач и никој не е повреден по извештаите за можен вооружен напаѓач во комплексот на Сенатот во средата, изјави портпаролот на метрополитен полицискиот оддел на Вашингтон, Хју Керју.

„Имаше повик за вооружено лице. Изгледа ова е погрешен повик. Немаше повредени, а напаѓачот не беше идентификуван“, изјави Керју.

Претходно, полицијата на Капитол објави на Твитер дека оние кои се во зградата на Сенатот „треба да бараат засолниште “ поради пријава за вооружен маж.

Според Фокс њуз, евакуирана е зграда на Сенатот. Полицијата соопшти дека примиле „вознемирувачки“ телефонски повик на 911 и побарале од јавноста да ја избегнува областа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот