фото: твитер/HBCNantes

Лазаров прв стрелец, Кузмановски подобар во „македонското дерби“ на ЕХФ купот

Радува одличната форма на нашиот десен репрезентативен бек на Нант, а Дејан Манасков со Веспрем минимално беа подобри од Монпеље во ЛШ.

Денеска во рамките од третото коло од групната фаза на ЕХФ купот во дербито на „Ц“ групата Нант пред своите навивачи загуби од Магдебург со 28:31.

Во „македонското дерби“ славеше Филип Кузмановски кој за германската екипа реализираше три голови (3/5), а во францускиот тим Кирил Лазаров беше прв стрелец со шест погодоци (6/12).

На табелата води Магдебург со максимални шест бодови, два повеќе од Нант, следуваат Горење (два) и Адемар без бодови.

Да додадеме уште дека во 13. коло од Лигата на шампионите екипата на Веспрем на домашен терен триумфираше над Монпеље со 24:23.

Придонес во победата на унгарскиот првак имаше нашиот лево репрезентативно крило Дејан Манасков со еден погодок (1/2).

Потсетување дека во последното 14. коло од групата „Б“ во ЛШ, Монпеље му гостува на Вардар на 29 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот