Лавров: Варварските меѓународни односи го загрозуваат човештвото

Фото: Профимедиа

Рускиот министер предупреди дека денес во светот недостасува заедништво во борбата против заканите и ризиците какви што светот не видел од крајот на Втората светска војна.

Од крајот на Втората светска војна, човештвото не било толку загрозено со закани и ризици како што е денес, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Минхенската безбедносна конференција.

Лавров предупреди дека денес во светот недостасува заедништво во борбата против заканите и ризиците какви што светот не видел од крајот на Втората светска војна.

– Пред очи ни се распаѓаат серија стратешки договори за безбедност и неширење нуклеарно оружје, се намали прагот за употреба на нуклеарно оружје, се зголемуваат регионални кризни жаришта, а нормите на меѓународното право се изложени на потсмев, рече Лавров.

Тој додаде дека ова првенствено се однесува на насилното мешање во внатрешните работи на суверените земји, нелегалните санкции и мерките на протекционизам со кои се поткопуваат светските пазари и глобалната трговија”.

– Меѓународните односи се варварски до тој степен што го нарушуваат елементарниот модус на човечното, истакна шефот на руската дипломатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот