Лавров го обвини Западот дека „провоцира немири“

Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утрово се обраќа на тркалезна маса на амбасадори во земјата, јави Скај Њуз.

Тој во својот говор уште еднаш го обвини Западот дека „провоцира немири“ и вели дека санкциите кои имаат за цел „да ја осакатат благосостојбата на Русија“ „нема да успеат“.

– Западот ја уништува глобалната економија со ваквите санкции, додаде тој.

Лавров, исто така, тврди дека САД „продолжуваат да купуваат ураниум и други критично важни материјали“ од Москва.

Москва го обвини Западот дека нивната политика го зголемува ризикот од употреба на нуклеарно оружје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот