„Лауреус“ ги објави номинациите за најдобри спортисти во 2022 година

фото: EPA-EFE/Beate Oma Dahle

Фудбалерот на ПСЖ, Аргентинецот Лионел Меси, шведскиот атлетичар Арман Дуплантис, фудбалерот на ПСЖ, Французинот Килијан Мбапе, светскиот шампион во Ф1, Холанѓанецот Макс Ферстапен, шпанскиот тенисер Рафаел Надал и американскиот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари се меѓу номинираните за престижната награда „Лауреус“, признание за најдобар спортист во 2022 година.

Во женска конкуренција номинирани се: најдобрата светска тенисерка од Полска, Ига Швјонтек, американската пливачка Кејти Ледеки, американската скијачка Микаела Шифрин, шпанската фудбалерка Алексија Путелас, американската атлетичарка Сидни Меклафлин-Леврон и атлетичарката од Јамајка Шели-Ен Фрејзер-Прајс.

Кандидати за најдобар тим се: Фудбалската репрезентација на Аргентина, фудбалерите на Реал Мадрид, шампионот во кошаркарската НБА лига, Голден Стејт вориорс, женската фудбалска репрезентација на Англија, францускиот рагби тим, како и тимот на Ред Бул во Ф1 шампионатот.

Кандидати за откритието на годината се мароканската фудбалска репрезентација, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, казахстанската тенисерка Елена Рибакина, американскиот лизгач Нејтан Чен, американскиот голфер Скоти Шефлер и нигериската атлетичарка Тоби Амусан.

Наградите Лауреус ќе бидат доделени во април годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот