Ла Лига застана на страната на Барселона: Договорот на Меси е важечки

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Шпанската Ла Лига со официјално соопштение се обрати откако започна војната на релација Барселона – Лионел Меси.

Последните денови фудбалската јавност е во исчекување на исходот од војната помеѓу каталонскиот тим и нивниот најдобар фудбалер. Во медиумите проструија неколку информации за договорот на Меси со Барселона, а сега одлучи да се обрати до јавноста и Ла Лига.

Според нив Меси и понатаму има важечки договор со Барселона кој трае до јуни 2021 година и доколку сака да си замине новиот клуб ќе мора да плати 700 милиони евра колку што изнесува клаузулата за Аргентинецот.

Ова соопштение на Ла Лига значи дека тие нема да му ги издадат потребните документи доколку Меси ги побара за да премине во друг клуб без Барселона да добие обесштетување.


Но, Меси и неговите адвокати ни мислат така и сметаат дека поради продолжената сезона, ставката од договорот во која тој смее да си замине од клубот не е истечена и важи до 31. август, односно до утре и поради тоа достави факс со барање да му биде раскинат договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот