Тарантино објасни зошто никогаш не убива животни во своите филмови

Фото: Flickr

Мајката на Квентин Тарантино еднаш му рекла дека луѓето можат да издржат слики на насилство ако им се даде контекст. Сепак, и покрај тоа што режисерот сака насилни филмови, тој повлекол неколку морални линии.

Во големото интервју за „Вариети“, прославениот режисер зборувал за некои принципи кои никогаш не сакал да ги премине.

„Тоа е мост кој не можам да го поминам“, ја започнал режисерот приказната.

Во новото интервју за „Вариети“, режисерот зборувал за тоа каде ја повлекува границата на насилството.

„Имам голема работа во врска со убивањето животни во филмовите. Тоа е мост што не можам да го поминам. Инсекти, исто така. Освен ако не плаќам за да гледам некој бизарен документарец, не плаќам за да видам вистинска смрт. Дел од начинот на кој сето ова функционира е тоа што се работи за замисла, за да се верува во тоа. Затоа можам да ги поднесам сцените на насилство, бидејќи сите само се зафркаваме“, рекол Тарантино.

Режисерот ја дообјаснил својата изјава:

„Но, на некое животно, некое куче, некоја лама, некоја мува, некој стаорец, не му е грижа за твојот филм. Би убил милион стаорци, но не мора да сакам да убијам еден на филм или да видам еден убиен на филм, бидејќи не плаќам за да видам вистинска смрт“, рекол режисерот, пренесува „НМЕ“.

„Речиси секогаш, не е само насилството со кое имам проблем“, рекол Тарантино. „Обично постои фактор на неспособност таму“.

Квентин Тарантино работи на својот нов филм кој се вика „Филмски критичар“ (The Movie Critic).

Квентин Тарантино е воодушевен од новиот „Top Gun: Maverick“: Тоа е филмски спектакл

Квентин Тарантино ѝ ги лижел нозете на стриптизета додека не ѝ помодреле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот