Кузмановски во тимот на колото во ракометната Бундеслига

кузмановски
Филип Кузмановски покажува одлични партии во дресот на Хановер-Бургдорф/Фото: facebook.com/DIERECKEN

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски се наоѓа во одлична форма пред претстојните бараж натпревари со Чешка за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска.

Кузмановски е избран во идеалниот тим на 27 коло од Бундеслигата, благодарение на одличниот настап против Фуксе Берлин.

Изминатиот викенд Фуксе Берлин и Хановер, тимот на македонскиот репрезентативец одиграа 32:32, а Кузмановски натпреварот го заврши со седум гола и притоа го даде израмнувачкиот гол во последните моменти од средбата.

Покрај Кузмановски, во тимот на колото се најдоа и Линдберг, Ване, Мелер, Пекелер, Јепсон и Кристјансон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот