Кузмановски: Победата над Вардар многу ни значи, голема благодарност до нашите навивачи за поддршката

фото: РК Еурофарм Пелистер

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со победа стартуваше во плеј-офот на македонската ракометна Суперлига.

Играчите предводени од тренерот Бранислав Ангеловски на домашен терен во салата „Боро Чурлевски“ во Битола го совладаа Вардар 1961.

По натпреварот своите импресии ги изнесоа тренерот Ангеловски и капитенот на екипата, Филип Кузмановски.

– И во првото полувреме бевме агресивни, но голманите одбранија само една топка. Влеговме во серија без лесен гол. Во првиот дел имавме проблем со две измени одбрана-напад. Во вториот дел игравме без измена, влечевме контра и полуконтра, игравме побрзо и заслужено победивме. Капитенот Кузмановски одигра капитенски, но морам да го пофалам и Тајник. Последната ротација со Радивојевиќ вроди со плод со уште два гола. Можеби имаше простор за поголема ротација, но натпреарот налагаше ваков тек. Среќен бев и со победа од еден разлика, но со нашите верни навивачи е полесно. Ним им ја посветувам оваа победа – изјави Ангеловски.

Репрезентативниот бек Кузмановски вели дека овој плеј-оф е најдобар во последните години:

– По подолг период се вратив во мојот матичен клуб, бев многу мотивиран и цело време мислев на ваквите дерби натпревари. Имавме среќа да отвориме во плеј-офот против Вардар 1961. Сите знаеме што значи ова дерби, среќен сум за победата и за мојата екипа. Изгинавме до остварување на целта, иако во првиот дел игравме во грч. Голема брагодарност до нашите навивачи, кои ни дадоа поддршка кога најмногу требаше. Оваа победа многу ни значи, знаеме што следи во плеј-офот и ќе одиме натпревар по натпревар. Нема опуштање, бидејќи овој плеј-оф е најдобар во последните години. Нема никого да потцениме. Ова е само еден голем чекор за клубот, градот, претседателот, навивачите – рече Кузмановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот