Еурофарм Пелистер славеше во суперлигашкото дерби против Вардар

фото: РК Еурофарм Пелистер

Денеска во дербито од плеј-офот во македонската ракометна Суперлига одиграно во салата „Боро Чурлевски“ во Битола актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со резултат 27:21 го совлада Вардар 1961.

По целосно изедначеното прво полувреме, во кое централни фигури беа Филип Кузмановски на едната и Мартин Томовски на другата страна, предноста во продолжението ја донесоа словенечките интернационалци во домашниот состав.

Гедбан на полувремето беше заменет од Урбан Лесјак, а тренерот Ангеловски бекот за победа го пронајде во Домен Тајник кој во вториот дел од мечот ја разби одбраната на Вардар.

Три одбранети цицери на Лесјак и серијата голови на Тајник се причините за предност на домашните од 19:14. Кузмановски и Тајник до крајот го одржаа нападот на „зелените“. Вардар не успеа да ја намали негативата на помалку од четири гола.

Ширината на ростерот на актуелниот шампион беше пресудна. Поквалитетни избори на надворешните позиции, Ангеловски максимално ги искористи – неговиот тим беше многу подобар противник во вториот дел. Одличниот Матија Николиќ на централниот бек и Лазаревски на линијата немаа доволно добра напаѓачка постава, а во вториот дел киксна и одбраната.

Во редовите на битолската екипа најефикасен беше Филип Кузмановски со осум голови. На спротивната страна за скопските „црвено-црни“ Матија Николиќ пет пати се запиша во листата на стрелците.

Се одиграа уште три натпревари во саботата: Тинекс Пролет – Алкалоид 17:22, Тиквеш – Струга 32:25, Бутел – Охрид 29:30. На табелата води Алкалоид со шест бодови, по пет имаат Еурофарм Пелистер и Охрид, четири има Тиквеш, три Вардар 1961, еден Бутел Скопје, а без бодови се Тинекс Пролет и Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот