Курти му одговори на Борел: Ширењето паника и лажни тврдења само ги подгрева тензиите

Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Премиерот на Косово, Албин Курти, одговори на изјавите на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел, за ситуацијата во државата.

„Ширењето паника и лажни тврдења само ги подгрева тензиите и им помага на оние кои сакаат ескалација“, објави Курти на Твитер.

Според него, вежбите на косовските безбедносни сили во јужниот дел на Косовска Митровица се одржуваат како дел од редовните активности, за што КФОР е целосно информиран.

„Дезинформациите се опасни и неприфатливи“, напиша Курти. Тој додаде дека е приведен човек од северниот дел од Косовска МИтропвица поради напад врз КФОР во Звечан на 29 мај.

Борел преку Твитер упати порака дека е многу вознемирен од ситуацијата во северниот дел од косово.

„По вчерашната кризна средба, имаме вонсудски апсења на косовски Срби, марширање на косовските безбедносни сили во јужна Митровица и тешка реторика од Србија. Ескалацијата продолжува и станува опасна. Нема да ја толерираме“, напиша Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот