Кулеба го пофали кафето за Орбан од канцеларот Шолц

Олаф Шолц / Фото KAY NIETFELD / AFP / Profimedia

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, ја пофали необичната интервенција на германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот на ЕУ оваа недела, со потегот што го овозможи почетокот на пристапните преговори за Киев кон членството во ЕУ, јави ДПА.

-Тоа што канцеларот Олаф Шолц го направи на самитот за да ја отстрани заканата од унгарско вето, ќе остане запишана во историјата како чин на германското раководство во интерес на Европа – изјави Кулеба за весникот „Билд ам Зонтаг“.

Украинскиот министер уште додаде дека „можам само да се надевам дека ова значи и поширок и неповратен пресврт во односот на Германија кон водечките напори за решавање на најкомплицираните прашања“.

Спорот околу почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Украина беше во ќорсокак до самиот почеток на самитот, бидејќи Унгарија ги блокираше преговорите.

Шолц на самата средба предложи премиерот Виктор Орбан привремено да го напушти состанокот за да им овозможи на другите шефови на држави и влади да го постигнат потребниот консензус.

Ова значеше, објаснува ДПА, дека унгарскиот лидер можеше да го задржи својот став за преговорите, што самиот ги опиша како „целосно бесмислени“, без притоа и да ги блокира.

Од своја страна, Шолц по самитот изјави дека дипломатското лукавство било изведено „со взаемен договор во согласност со нашите правила“, но додаде дека „тоа не е нешто што секогаш треба да се прави“, пренесе германската агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот