„Крвав и застрашувачки“- ЕУ и Белата куќа го осудија рускиот напад во Херсон

Фото: Твитер

Денешниот руски ракетен напад врз селото Хроза, областа Херсон, при што загинаа 51 човек го осудија Европската Унија и Белата куќа.

„Со овој крвав напад врз селото Хроза, руското насилство достигна ново и уште позлобно ниво. Намерните напади врз цивили се воено злосторство … Руските лидери, команданти, сторителите и соучесниците на овие злосторства мора да бидат повикани на одговорност“, изјави шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.

Белата куќа рускиот напад го оцени како „застрашувачки“.

„Мораме да продолжиме да го поддржуваме украинскиот народ, бидејќи живее во ужасна реалност секој ден, изјави портпаролката на Белата куќа.“

Во областа Херсон од утре е прогласена тридневна жалост.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски по нападот повторно побара од западните земји да достават системи за противвоздушна одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот