Кроневски: За кратко време бројот на инсталирани апликации е навистина голем

Васко Кроневски, директор на Некстсенс зборуваше за начинот на кој е изработена апликацијата.

-Соочени сме со вонредни околности и се наоѓаме во различно секојдневие. Затоа поддршката од секој од нас е од големо значење. Уште само неколку дена откако беше прогласена вонредната состојба, решиме да изнајдеме решение за придонес кон заедницата. Затоа денес стигнаме до моментот кога можеме да ја презентираме апликацијата StopKorona!. Успеавем за неполни 10 дена да стигнеме до развој на оваа апликација, па следеше интензивна соработка со епидемиолози од мз, се до моментот кога јавно беа објавени двете апликации.

Драго ми е дека за кратко време бројот на инсталирани апликации е навистина голем и да помогнеме на оние кои не знаат да го направат тоа сами. Успехот од сето ова ќе зависи од масовнноста на користење на апликацијата. Битно е да се нагласи дека користевме светски искуства од различни земји. Сакаме да ги заштитиме приватните пдоатоци на корисниците, со минимално трошење на батеријата на мобилните телефони. Успеавме да лансираме апликација која ќе помогне во справување со борбата со Ковид-19, рече Кроневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот