Кризен штаб Куманово: Да почнат со работа пазарите и да се врати зонското паркирање

Јавното претпријатие „Пазаришта” ќе треба да го прилагоди работењето на добиточниот пазар, согласно мерките и препораките на надлежните институции, препорача денеска кризниот штаб. На денешната седница штабот донесе и препорака да почнат со работа Зелениот и реонскиот пазар во Куманово, а ќе се враќа и зонското паркирање.

ОШЗС Куманово врз основа на решение за безбедносни мерки во однос на коронавирусот, донесено врз основа на член 20 став 1 од Законот за безбедност на храната, мерките на Владата, препопраките на Министерството за здравство и диреткорот на Агенција за храна и ветеринарство, препорачува ЈП „Пазаришта” да го прилагоди работењето на добиточниот пазар, се наведува во соопштението од штабот.

Јавното претпријатие „Пазаришта” побарал од штабот, кој пак препорача да почне со работа и Зелениот и реонскиот пазар за продажба на храна, земјоделски продукти, цвеќе, но и други произвои на второто и трето ниво, од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот, при што задолжително ќе се применуваат веќе утврдените мерки за заштита од вирусот.

Штабот препорача на Куманово да го стави во функција зонското паркирање организирано од  ЈП „Куманово паркинг”со цел да се уреди паркирањето и  да се намали сообраќајниот метеж во градот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот