Кризата тропна и на вратата на „Бритиш петролеум” – ќе затвори околу 10.000 работни места

Во соопштението се наведува дека цените на нафтата „се намалени под нивото”, од кое компанијата има потреба за да реализира заработувачка.

Британскиот енергетски гигант „Бритиш петролеум” денеска соопшти дека планира да затвори „околу 10.000 работни места”, или речиси 15 отсто од својата работна сила во светот, откако пандемијата на новиот коронавирус ја намали побарувачката на нафта.

– Ќе почнеме процес, со кој околу 10.000 лица ќе мора да ги напуштат работните места во компанијата, повеќето од нив до крајот на годинава, напиша генералниот директор Бернар Лоуни во елетронската пошта испратена до вработените.

Во мејлот се наведува дека цените на нафтата „се намалени под нивото”, од кое компанијата има потреба за да реализира заработувачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот