Кривичниот суд во 2020 година го надминал приливот на предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети

Фото: МИА
Основниот кривичен суд Скопје 2020 година го надминал приливот на предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети што е показател на ажурноста на судот, рече претседателот на судот Иван Џолев на денешниот брифинг со претставниците на медиумите и невладините организации .

Говорејќи за последните статистички податоци за работата на судиите во Кривичниот суд, тој посочи дека минатата година Кривичниот суд ја започнал со 20 380 предмети од претходната година, 43 080 ново примени предмети, или вкупно 63 460 предмети во работа.

Претседателот на судот информира дека за овој период решени се 44 040 предмети, а во работа останале уште 19 420 предмети.

Од старите предмети, што се постари од две години, како што беше речено на брифингот, вкупно во работа имало 3 013 предмети, од нив решени се 2 009 предмети, а останале 1 004 нерешени предмети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот