Кривични за двајца градоначалници

МВР извести дека за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување денеска до ОЈО се поднесени кривични за градоначалник на Пехчево и Македонски Брод.

Според МВР, градоначалникот на општина Македонски Брод, по претходно склучен договор за јавна набавка на услуги помеѓу општина Македонски Брод и фирма од Охрид, исплатил фактура од 277.300 денари на фирмата и покрај тоа што таа не ги исполнила обврските од договорот.

И.П.(45) од Делчево пак во 2017 година, како градоначалник на општина Пехчево, без да спроведе постапка за јавна набавка, склучил договори за сервисирање на улично осветлување со две физички лица од Пехчево, кои заработиле 76.000 денари на штета на буџетот на општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот