Кривична пријава за скопјанец за неовластено тргување со отпад

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, информира Министерството за внатрешни работи.

-На 15.02.2022, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во дворно место на улица „Брсјачка буна” во Шуто Оризари-Скопје, се вели во соопштението.

При контролата, како што информира МВР, тие го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без регистрирано правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност – Складирање и третман на отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот