Кривична пријава против двајца полицајци поради примање поткуп

Фото: МИА

Кривична пријава е поднесена против двајца полициски службеници од Крива Паланка поради примање поткуп.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници Д.С. и Б.П., вработени во ПО за БПС Крива Паланка при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од КЗ“, се наведува во соопштението од МВР.

Имено, полициските службеници на 15-ти овој месец за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од две лица, странски државјани, во износ од 100 евра. Полициските службеници се изведени пред јавен обвинител, а од страна на истражен судија им е определена мерка притвор од 30 дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот