Кристијано Роналдо со посебна причина продаде една „Златна топка“

фото: EPA/YOAN VALAT

Кристијано Роналдо продаде реплика на „Златната топка“ што ја освои во 2013 година, објави „Сан“. Причината за ова е од хуманитарен карактер. Продажбата се случи во 2017 година, но деталите дури сега протекоа во јавноста.

Португалецот одлучи на една добротворна организација да ја донира својата „Златна топка која беше ставена на аукција.

Репликата е продадена за 600.000 евра, а Роналдо целата сума ја донирал за помош на децата со тешки болести.

„Златната топка“ ја купи Идан Офер, еден од најбогатите луѓе во Израел.

Роналдо досега има освоено пет „Златни топки“, а последната ја освои во 2017 година, кога се израмни со Лионел Меси, кој подоцна освои уште две „Златни топки“ и моментно е рекордер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот