Кремљ тврди дека ниту едно американско оружје не може да ја победи Русија на украинскиот фронт, дури ни американските „абрамси„

Русија вети дека американските тенкови М1 Абрамс ќе „горат“ на фронтот во Украина, од кои првите беа испорачани во Киев на почетокот на оваа недела.
– Сето ова вклучувајќи и најсофстицирано американско оружје никако не може да влијае на суштината на специјалната операција и нејзиниот исход. Не постои лек (универзална медицина) или оружје што може да го промени балансот на силите на фронтот – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, алудирајќи на најавата за испраќање на други типови ма американско оружје во Украина.

Оваа изјава доаѓа откако вчера САД и Украинат објавија дека овие тенкови веќе му се предадени на Киев за потребите на уркаинската армија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека новодобиените „абрамси“ се подготвуваат да бидат испратени во битка.
– Ќе ги зајакнат нашите бригади – најави Зеленски.
Во почетокот на годинава , американскиот претседател Џо Бајден се согласи да испрати 31 тенк Абрамс во Украина со цел да и помогне да се одбрани од руските напади.
Засега не е познато колку од овие тенкови се испратени со првата пратка.

Веќе е познато и дека американската армија ги обучувала украинските војници како да управуваат со тенковите Абрамс и да ги одржуваат, а се подготвува и обука на украинските пилоти кои треба да летаат со борбените авиони Ф-16 што Холандија и Данска и ги ветија на Украина.
Kremlin says U.S. Abrams tanks, ATACMS missiles for Ukraine can’t change battlefield situation https://t.co/NlV5NfMl5E
— Donna preston (@geekonline) September 27, 2023

Се наведува дека Вашингтон наводно наскоро ќе и ги предаде на Украина ракетите ATACMS (Army Tactical Missile Systems), опремувајќи го Киев со оружје што може да ги нападне клучните руски линии за снабдување и воените бази на окупираните територии.