Краткотрајно исклучување на Блок 2 на РЕК Битола

РЕК Битола ја информира јавноста дека пристапи кон исклучување на Блок 2 заради намалување на корисното дејство на истиот, а како последица на пројавената неисправност на групата загревачи за висок притисок (ЗВП).

Напоменуваме дека ова исклучување е последица на задоцнетиот капитален ремонт на блокот, кој согласно инструкциите на производителите на опремата мораше да биде реализиран пред две години.

Очекуваме Блок 2 да биде приклучен на мрежа за неколку денови, а планираниот капитален ремонт на оваа постројка предвидено е да започне на 15 август.

Краткотрајното исклучување нема да се одрази врз вкупното производство на електрична енергија од страна на АД ЕСМ, а со тоа и на снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите, како и на остварувањето на планираното производство на РЕК Битола за годинава, имајќи во предвид дека заклучно со денес производството е натфрлено за 18 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот