Кралските деца ракоплескаа за британските здравствени работници (ВИДЕО)

Instagram
Instagram

Како и во многу земји погодени од коронавирусот, луѓето во Обединетото Кралство одлучија да им оддадат почит на оние кои за време на пандемијата се на првата линија, па во точно предвиденото време почнаа да ракоплескаат и со тој мал гест да им дадат дополнителна сила.

Исклучок не е ни кралското семејство. Од службениот профил на војводата и војвотката од Кембриџ, објавена е снимка на која сите три деца на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ракоплескаат, а снимката воодушеви многу симпатизери на кралското семејство.

„За сите доктори, медицински сестри, негуватели, фармацевти, волонтери и останатите здравствени работници кои неуморно работат за да им помогнат на погодените од Ковид 19 вирусот. Ви благодарам“, стои во службената објава.

Додека принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи плескаа, кралицата Елизабета Втора даде поддршка со фанфарите од дворецот Виндзор, каде што е изолирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот