Крај на една ера: Жорди Алба си заминува од Барселона

Фото: EPA-EFE/TONI ALBIR

По Серхио Бускетс, претходно Жерар Пике сега и Жорди Алба ќе ја напушти Барселона.

Оваа информација денес ја потврди новинарот Жерар Ромеро кој важи за човек добро упатен со случувањата во внатрешноста на каталонскиот гигант.

„Жорди Алба заминува од Барселона. Клубот наскоро тоа ќе го потврди. Тој ќе прости голем дел од платата за наредната сезона и ќе добие чисти документи“, објави Ромеро.

Се потенцира дека заминувањето на Алба нема врска со потенцијалнот овраќање на Меси, исто како што се тврдеше и за Бускетс и дека ова било желба на фудбалерите, а не притисок од клубот.

Сепак, останува да се види што ќе се случува со Меси затоа што клубот го напуштија неговите двајца најдобри пријатели со кои најмногу се среќаваше по заминјувањет оод Каталонија.

Како и за Бускетс, така и за Алба не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, се споменуваше дека Диего Симеоне го сака во Атлетико Мадрид. Алба во Барселона пристигна летото 2012 година од Валенсија за 14 милиони евра.

За првиот тим на Барселона дефанзивецот одигра 458 натпревари, постигна 27 голови и подели дури 99 асистенции. Освои дури шест титули во Ла Лига, пет трофеи во Копа Дел Реј, четири во Суперкупот на Шпанија и по еден во Лигата на шампионите, СП за клубови и Суперкупот на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот