Крај на една ера: Алесандро Микеле го напушта „Гучи“

Фото: ЕПА - Инстаграм

Модниот дизајнер ја воведе ерата на шарени, максималистички дизајни, потенцирајќи ја ренесансната уметност преку модата и организирајќи елаборирани ревии на модните писти на историски места.

Италијанскиот моден дизајнер Алесандро Микеле во последните седум години брилираше како моден креативен директор на брендот „Гучи“. Оттука и шокот во модниот свет дека Микеле го напушта своето работно место, а воедно и групацијата „Гучи“.

Фото: Инстаграм . – Принтскрин

Француската групација „Керинг“ во чие сопствеништво е италијанската модна куќа го најави неговото заминување во средата.

„Неговата страст, неговата имагинација, неговата генијалност и неговата култура го ставија „Гучи“ во центарот на сцената, каде што му е и местото“ – изјави Франсоа Анри-Пино, претседател на групацијата.

Фото: Инстаграм . – Принтскрин

Како Микеле дојде во „Гучи“?

Како дизајнер на чанти и без искуство во раководење со голема етикета, назначувањето на Микеле за креативен директор во 2015 година беше вистинско изненадување за љубителите на брендот и модните критичари.

По студирањето во Рим, италијанскиот дизајнер ги остреше своите вештини во луксузната модна куќа „Фенди“ како дизајнер за модни додатоци, пред да се приклучи на дизајнерското студио „Гучи“ во 2002 година и да биде именуван за соработник на креативниот директор на Фрида Џанини во мај 2011 година.

Фото: Инстаграм . – Принтскрин

Внесе нов шарм во брендот

Микеле ја воведе ерата на шарени, максималистички дизајни, потенцирајќи ја ренесансната уметност преку модата и организирајќи елаборирани ревии на модните писти на историски места.

Тој го прифати раскошното наследство на брендот, кој лани ја прослави својата стогодишнина, дури и именуваше еден од неговите најпознати дизајни – чантата Дионис, по грчкиот бог на виното.

Фото: Инстаграм . – Принтскрин

Неговите родово-флуидни колекции ја ослободија суровата разликата помеѓу линиите на машка и женска облека на етикетата, додека мудрите соработки со „Адидас“ и „Д Норт Фејс“ помогнаа на етикетата да ѝ се даде привлечност на масовниот пазар.

Беше именувам меѓу 100-те највлијателни луѓе од магазинот „Тајм“ во 2017 година.
Микеле уживаше во соработките со „младата крв“ на музичката сцена, назначувајќи ги Хари Стајлс и Били Ајлиш за амбасадори на брендот. М. Р.

Им „објави војна“ на плагијаторите

Микеле уште еднаш докажа дека е моден генијалец, кога лани презентираше бизарна колекција која е духовит одговор на целиот плагијат што се реплицира од неговите дизајни.

Фото: Инстаграм . – Принтскрин

„Гучи“ издаде голем број парчиња облека, обувки и модни додатоци, кои се во фокусот на вниманието затоа што се автентични, оригинални „Гучи“ парчиња, на кои стои натпис „ФЕЈК“, што во превод значи лажни. Колекцијата броеше 14 парчиња, а цените на некои модели достигнуваат до 2.000 евра. Најевтиното „ФЕЈК“ парче од колекцијата е мал паричник, кој чини околу 300 евра.

Со оваа колекција дизајнерот испрати порака до сите плагијатори што не ја почитуваат неговата работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот